Почнува судскиот процес за убиството на Саздовски

by Fokus

Денеска почнува судскиот процес за убиството на младиот Никола Саздовски кој беше физички нападнат и претепан во населбата Автокоманда, а неколку дена подоцна во болница им подлегна на повредите.

За овој случај има двајца обвинети кои се во притвор во затворот во Шутка, и треба денеска да се појават во Кривичниот суд. Против третоосомничениот Јетон Љужа е прекината истражната постапка поради тоа што и натаму е недостапен за државните органи. Распишана за него е меѓународна потерница, и процесот ќе продолжи кога ќе биде достапен на македонските државни органи.

 

Поврзани новости