Специјалното јавно обвинителство воспостави стварна надлежност над 34 предмети, вклучително и на предметот познат во јавноста како „Пуч“, од кои 16 се поврзани со изборни нерегуларности, информираа од ова обвинителство предводено од Катица Јанева.
„Во текот на изминатата недела од страна на јавноста беа барани податоци за воспоставување надлежност за други предмети, како предметите познати во јавноста како „Монструм“, „Диво Насеље“, „Ровер“ и слично. За сите овие предмети ќе се произнесеме дополнително, откако ќе бидат прибавени материјалите од незаконски следените комуникации и ќе се пристапи кон нивно преслушување и анализа. Секако, во моментот кога ова обвинителство ќе има конкретни информации за овие предмети и кога овие предмети и формално ќе бидат побарани со цел донесување одлука за стварна надлежност, јавноста благовремено ќе биде известена“, стои во соопштенеито на СЈО.
Од таму додаваат дека во текот на денешниот ден ќе ги побараат материјалите од незаконски следените комуникации од страна на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој изразил оодготвеност дека ќе достави без проблем.