Груевски: Сакам да се обратам пред пратениците во мирна атмосфера

by Фокус

Сакам во мирна атмосфера да дадам изјава пред пратениците, а тоа што ќе го кажам ќе биде јавно, бидејќи се се снима и ќе има стенограми, изјави премиерот Никола Груевски пред да влезе во салата каде треба да сведочи пред членовите на Анкетната комисија во врска со скандалот со прислушувањето.

– СДСМ сака со создавање на конфликти и со деструкција да постигне политички цели, а не со програма – рече Груевски.

Претседавачот со комисијата, Петре Шилегов од СДСМ, пак, изјави дека јавноста сама да пресуди зошто премиерот инсистира да сведочи на затворена седница.

Поврзани новости