ВМРО-ДПМНЕ бара да си одат медиумите за Груевски да сведочи за прислушувањето

by Фокус

Седницата на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето, на која треба да сведочи премиерот Никола Груевски, е прекината откако независната пратеничка Роза Топузовска – Каревска побара 15-минутна пауза, бидејќи пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ не можат да се согласат дали премиерот треба да сведочи на затворена или на отворена седница.

Од ВМРО-ДПМНЕ побараа медиумите да ја напуштата салата за Груевски да може да влезе и да биде сослушан, додека од СДСМ се противеа со аргумент дека дури и седницата да биде затворена, премиерот мора да се појави и пред пратениците, во присуство на медиумите, да го соопшти барањето.

Во овие моменти на координативна средба се договара понатамошниот тек на седницата.

Поврзани новости