661
Специјалното јавно обвинителство пред неколку часа го достави до судот предлогот да му се укине притворот на обвинетиот Сашо Мијалков, и да му се замени со поблага мерка, односно со куќен притвор, потврдија од таму за „Фокус“.
По овој предлог треба да одлучи судот, по што ќе се знае дали Мијалков ќе излезе од затворот во Шутка, како што излегоа и неговите поранешни сопартијци и бизнис партнери кои вчера и денеска го напуштија затворот.
Со одлука на Апелациониот суд ублажување на мерката доби Орце Камчев, Цветан Панделски и останатите обвинети во предметот „Империја“. Денеска им беше укинат и притворот на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, и заменет со куќен притвор.
М.В.