388
Специјалното јавно обвинителство ја обжали одлуката на судот, кој одби да изрече мерки на на претпазливост за шефот на Алфите, Ивица Антевски – Пуки и петтемина негови колеги, осомничени за тортура врз Љубе Бошкоски.
СЈО повторно бара мерки со забрана за извршување на работните обврски на Алфите, осомничени во случајот „Тортура”.
Анчевски и неговите колеги алфи, според СЈО имале наредба од тогашниот шеф на УБК, Сашо Мијалков да извршат тортура при апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, за случајот кампања Бошкоски.Тој и неговото семејство биле навредувани и понижувани, а притоа било нарачано и одредени медиуми да го снимат понижувачкиот чин.