Владата убедува инвеститори да ја купат еврообврзницата?

by fokus 19:35
19:35

Вицепремиерот Владимир Пешевски денеска преку телефонски разговори со странски инвеститори договарал продолжување на издавањето на еврообврзницата од 650 милиони евра.

Во соопштение Кире Наумов од СДСМ, информира дека Пешевски остварил седумминутен разговор со потенцијални инвеститори.

Наумов вели дека присутни биле и министерот за финансии,  министерот за информатичко општество и јавна администрација, заменик министерката за правда, како и гувернерот Димитар Богов.

Претходно, издавањето на еврообврзницата беше одложено, откако Наумов испрати писмо до банките агенти на државата, со кое ги предупреди инвеститорите да не ја купуваат еврообврзницата.

Поврзани новости