ЕУ: Воведувањето на смртна казна ќе има последици за Турција

by fokus

Европската Унија категорично ја отфрла најавата на Турција за враќање на смртната казна, која следуваше по неуспешниот државен удар. Од ЕУ ја отфрлаат оваа идеја и порачаа дека тоа  ќе има последици за Анкара и ќе значи крај на преговорите за членство во унијата.

Шефовите на дипломатиите на ЕУ денеска одржуваат редовен месечен состанок на кој Турција се наметна како најважна тема. Првите ЕУ дипломати се сретнаа со нивниот американски колега Џон Кери и покажаа дека околу Турција имаат целосна согласност.

Инаку, турските власти по обидот за воен удар, уапсија над 6000 лица, а истовремено разрешија и 3 000 судии.

По ова следуваше и најавата за враќање на смртната казна,за која турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави дека треба да има дебата со парламентот, бидејќи воведување смртна казна бара промена на Уставот но “она што го бара народот не може да биде оставено на страна”, рече тој.

Смртната казна во Турција беше укината во 2004 година по почетокот на преговорите за членство во ЕУ.

Поврзани новости