489
Специјалното јавно обвинителство утринава информираше дека во текот на вчерашниот ден до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, а во врска со истрагата во предметот „Тендери“ поднесен е предлог за определување на мерки за претпазливост за две осомничени лица.
СЈО бара осомничените лица да се јавуваат еднаш неделно – секој вторник во 10:00 часот кај определено службено лице во Основниот суд Скопје 1 Скопје.
Воедно, за двете осомничени лица побарано е определување и на мерка претпазливост одземање на патна исправа, поради постоење на околности кои упатуваат на опасност од бегство.