СДСМ: Нападот врз новинарот е резултат на ширењето паника на ДПМНЕ кај своите активисти

by fokus

СДСМ денеска повика првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ веднаш да престанат да ги шират паниката и стравот од одговорност помеѓу своето членство и активистите.

-Правдата за криминалот што го правеле е неизбежна, но како што лично си ги полнеа џебовите сега треба лично и да одговараат. Паниката што ја шират нема да им донесе ослободување од одговорноста, но може да предизвика инциденти како вчерашниот, кога нивен активист, без никаква причина, нападна новинар на телевизијата Телма пред Министерството за внатрешни работи, се вели во соопштението.

СДСМ најостро го осудува нападот врз новинарот на Телма и вели дека интерес на сите граѓани е да ја дознаат вистината и да бидат информирани.

Поврзани новости