СЈО подготвува одговор на жалбата за притвор на Сеад Кочан

by fokus

СЈО во законскиот рок од 24 часа ќе одговори на жалбата од одбраната против решението за определување мерка притвор за бизнисменот Сеад Кочан, осомничен во случајот „Труст“. Жалбата од одбраната денеска стасала до СЈО.

Откако СЈО ќе одговори на жалбата, Апелацискиот суд во рок од 48 часа ќе треба да донесе одлука дали Кочан ќе оди во притвор, или ќе го укине.

Полицијата се уште не може да го пронајде осомничениот бизнисмен, кој како што неофицијално се дознава, во четвртокот, на истиот ден кога му бил одреден притвор ја напуштил земјава преку граничниот премин Табановце.

Адвокатот Никола Додевски изјави дека Сеад Кочан е на службено патување.

 

Поврзани новости