Снежен март во Македонија

by fokus

Викендов на повеќе места во земјава наврна снег.

Снежна покривка од 30 сантиметри го прекри детското одморалиште Михајлово, Кавадарци, во саботата и направи вистинска зимска идила во март. Снегот започнал да паѓа уште во петокот ноќта, па наредното утро, кога се разбудиле, гостите во одморалиштето ги дочекала прекрасна глетка.

Патот до Михајлово е прооден, и голем број на љубители на снегот од Тиквешијата викендов го минале таму.

Исто така, денес, некаде околу еден час по полноќ наврнало снег во повеќе градови во земјава.

Снегот ги побелел покривите во Ресен и Охрид. Сепак, врнежите не траеле долго, и утринското сонце го стопило снегот кој што ги изненадил охриѓани и ресенчани.

Вики Клинчарова

Поврзани новости