По обвинувањата од Основниот суд Скопје 1 дека за шест од десет одложувања на рочиштата за „Пуч“ виновни биле обвинетите и Специјалното јавно обвинителство, од СЈО негираат и објаснуваат дека уште на првото рочиште по преземањето на случајот од СЈО, специјалната обвинителка Катица Јанева барала безбедносни сертификати, но не и биле дадени.
-Денес излезе дека таа била во право уште првиот пат. Потоа Основниот суд Скопје 1 не ни ги даваше копиите од доказите, па одевме таму да ги разгледуваме. Апелациониот суд Скопје одлучи дека ние сме во право. Сите одлагања во овој период не беа на наше барање, туку поради тоа што Судот не обезбеди услови. Исто како кога се разболе поротникот, обајснуваат од СЈО за САКАМ ДА КАЖАМ.
Во одговорот се напоменува дека нема одложено расправа за Пуч поради свадбата на ќерката на Јанева, како што се тврди во соопштението на Кривичниот суд, туку поради тоа што Судот не му ги даваше доказите на СЈО и тоа јасно стои во записниците.