Ременски ќе ги тужи Спасов и Поповски

by fokus 15:51
15:51

Министерката за труд и социјална политика Фросина Ременски најави дека ќе поднесе кривична пријава против Диме Спасов, дополнителниот заменик министер и против директорот на Агенцијата за вработување Владо Поповски, поради злоупотреба на службената положба.

Ременски и денеска потврди дека Спасов, немал законска можност да ги користи четирите возила, сопственост на Агенцијата за вработување, а директотор Поповски го обвини дека лаже бидејќи тој вчера тврдеше дека се било законски.

- Advertisements -

Ременска истакна дека со одлука на Влада, во 2015 година четирите возила, од Министерството биле предадени на Агенцијата без надомест, што значи, дека никој од Министерството не можел да ги користи. Поповски тврдеше дека возилото му го дал на Спасов, повикуваќи се на нов договор, за кој Ременски тврди дека не постои – за тоа немало одлука на Владата.

Како поткрепа на нејзиното тврдење достави доказ според кој овие четири возила во април годинава биле регистрирани од Агенцијата за вработување.

Министерката истакна дека директорот на Агенцијата за вработување возилата смее да ги дава на користење само на вработени во самата инстуција и тоа исклучиво во работно време од 8,30 до 16, 30 часот.

„Дали е точно дека за овие возила имало дупликат картички за бензин, едни од Агенцијата за вработување со кои се полнело бензин на бензинските на „Пуцко Петрол“ и други на непознати лица од Министерството за труд и социјала со кои се ставал бензин во „Макпетрол“, праша Ременски.

Според МВР, Спасов предизвика две сообраќајки ноќе – во 23,20 часот.

В.В.

 

 

Поврзани новости