Диме Спасов и денеска отсутен, колегите го кријат

by fokus

„Прашањата упатете ги по мејл“, вака ни одговорија денеска колегите на Диме Спасов, дополнителниот заменик министер , кои ги затекнавме на третиот кат на Министерството за труд и социјална политика на прашањето на „Фокус“ – дали е дојден на работа заменик министерот Спасов ?

И покрај нашето инсистирање да добиеме одговор на прашање од јавен интерес, бевме изигнорирани од вработените. „Фокус“ се обиде да стапи во контакт со заменик министерот, но тој  денеска не одговори на телефонските повици, ниту на СМС пораките со нашите прашања.

Спасов ноќта во петокот предизвика две сообраќајни незгоди со службено возило, и како што соопшти МВР, избегал од местото на настанот, а подоцна друго лице М.Т. дало исказ дека го управувало службениот џип „туарег“ во кој се возел Спасов во друштво на Т.К., вработена во ЕЛЕМ.

В.В.  

Поврзани новости