415
Во СВР Охрид се повикани повеќе лица во својство на сведоци да дадат исказ за околностите во врска со донациите за ВМРО-ДПМНЕ, соопштија од Специјалното јавно обвинителство.
-Согласно Кривичниот законик секој вид на влијание врз сведоците е кривично дело, а лицата кои се повикани како сведоци се должни да се јават на поканата и да помогнат со своите искази во утврдување на фактите за кои е поведена секоја предистражна или истражна постапка, се вели во соопштението на СЈО.
Ова јавно обвинителство се оградува од секакви политички шпекулации и потенцира дека својата службена должност јавните обвинители во ова Јавно обвинителство ја вршат согласно законот во насока на утврдување на вистината во постапките кои се водат.