СЈО: Ова е преседан, Судот никогаш нема одбиено барање за претрес

by Фокус

За Специјалното јавно обвинителство одбивањето на Судот да се изврши претрес во домот на началникот на Петтата управа, Горан Груевски, е преседан, бидејќи досега никогаш судија нема одбиено вакво барање.

-Не само во мојата пракса, туку и за сите колеги обвинители кои работат во СЈО, а кои имаат многу поголемо и подолготрајно искуство, не им се случило судија на претходна постапка да изрази несогласност за издавање наредба за претрес. Тоа не се случуваше дури и кога беше стариот закон, кога истражниот судија ги даваше овие наредби. Така што ова за нас е преседан, изјави обвинителката Ленче Ристовска.

Судот го одби барањето за претрес со образложение дека надлежноста на Специјалното јавно обвинителство е лимитирана и неопходно било да се утврди овластувањето на СЈО дека конкретните предмети кои треба да произлезат од претресот се поврзани со содржината на незаконското следење на комуникации.

Поврзани новости