Јанева го извести Советот дека ја презема надлежноста за Маѓар Телеком и за Верушевски

by Фокус

Специјалната обвинителка гo извести Советот на обвинители дека ја презема надлежноста за Маѓар Телеком и за Верушевски.

-Јас го известив Советот дека постапувам по законот за Специјалното јавно обвинителство за преземање во надлежност на предметите Маѓар Телеком и за Зоран Верушевски и Горан Верушевски. Јас ги известив дека немам обврска да присуствувам на нивните седници ниту да образлагам зошто ги преземам овие предмети. Во однос на автономијата на моето постапување се е јасно со Законот за јавно обвинителство, изјави Јанева по кратката посета на Советот на јавни обвинители.

Јанева не остана на седницата на која се бараше таа да одговара и на прашања кои не им биле јасни на обвинителите. За тоа од СЈО упатија неколку пати дека можат писмено да се обратат и ќе добијат одговор.

Советот на јавни обвинители пак одлучи дека ниту еден предмет кој е побаран веќе нема да даде на Специјалното јавно обвинителство, а дека за сите предмети ќе бидат надлежни само Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и Основното јавно обвинителство Скопје.

Поврзани новости