СЈО од понеделник со првите обвиненија

by fokus

Специјалното обвинителство се подготвува од понеделник да ги стартува првите обвиненија, а се најавуваат и нови истраги, дознава 24 вести од извори во обвинителството.

Извештајот за сработеното во изминатите шест месеци, СЈО утре ќе го достави до Собранието и до Советот на јавни обвинители.  Се уште нема никакви најави што ќе се најде во него.

Инаку, првиот извештај на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, од 15 март, предизвика жестоки расправии меѓу СЈО и Советот на јавни обвинители.  Советот инсистираше Јанева лично да образложи делови од извештајот, а истото го бараше и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, но обвинителката одби со образложение дека подносителот на извештајот никогаш не се повикувал да ја образложува содржината на поднесениот извештај.

Јанева вториот извештај ќе го поднесе на годишнината од нејзиното назначување за специјална јавна обвинителка и од основањето на СЈО.

Поврзани новости