ЛДП: Зошто нема забрана за работа и за функционерите на ВМРО-ДПМНЕ?

by fokus 18:09
18:09

Откако Кривичниот суд им изрече забрана за работа на четворица професори од вкупно шест осомничени лица во случајот „Еразмус”, реагираа од Либерално-демократската партија, обвинувајќи дека овој случај ги потврди двојните аршини на македонското правосудство.

-Прашуваме, во што е разликата со осомничените политичари од власта, од врхушката на ВМРО-ДПМНЕ, кои се товарат за криминал, за злоупотреба на службената положба и овластувања, за местење на избори и корупција, а кои и понатаму се на слобода, а еден од нив дури и води општина од куќен притвор. Дали правдата и законите во оваа држава важат исто за сите, или аршините се различни во зависност од тоа кој на која политичка партија и припаѓа? –  стои во сооштенито на ЛДП.

Од партијата уште еднаш го повикаа Кривичниот суд да објасни како е можно градоначалникот Владимир Талески, веќе трет месец од куќен притвор да раководи со Општина Битола.

Поврзани новости