ДУИ со предлог за ревизија на изборните единици

by fokus 19:17
19:17

Партијата на Али Ахмети го отвора проблемот со нееднаквоста на бројот на гласачи во изборните единици, особено во шестиот изборен регион.

Партиски извори од ДУИ, за 24 Вести брифираат дека освен прекројување на шестката, партијата  ќе го отвори прашањето за ревизија и на останатите изборни единици, особено на третата и четвртата. Неофицијално, ДУИ ќе им предложи на координаторите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДПА модел за изедначување на шесте изборни региони.

Инаку, Изборниот законик предвидува бројот на запишаните гласачи во шесте изборни региони во Македонија да не отстапува повеќе од пет проценти. Според последните податоци на ДИК, во шестата изборна единица се запишани 310.721 гласач и има отстапување од 5,28 отсто.

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски претходно нагласи дека надминувањето на прагот од плус-минус пет проценти го нарушува еднаквото право на глас на граѓаните.

Поврзани новости