СЈО: Ние соработуваме со ОЈО, но тие со нас не

by Фокус

Специјалното јавно обвинителство соопшти дека  Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО), по повод предистражната постапка во рамки на која се испитуваат околностите под кои настапила смртта на Коста Крпач, се обратило до СЈО со барање за меѓуинституционална соработка. Од СЈО го прифатиле барањето и до ОЈО доставиле допис во кој споделиле податоци кои можат да придонесат во расчистување на околностите под кои настапила смртта на Крпач.

-Сепак, информациите и списите кои беа барани, а кои не се поврзани со испитување на околностите под кои настапила  смртта на лицето Коста Крпач, не се споделени со Основното јавно обвинителство Скопје, бидејќи истите се дел од предистражна постапка пред ова Јавно обвинителство која е во тек, се вели во соопштението на СЈО.

Сепак, од СЈО велат дека иако го прифатиле барањето за меѓуинституционална соработка и во целост соработуваат со ОЈО, за жал од нивна страна немало ваков однос на целосна и професионална соработка.

-Повторно укажуваме дека иако до Основното јавно обвинителство Скопје имаме испратено барања за меѓуинституционална соработка, до сега немаме добиено никакви податоци по повод нашите барања и не ни се доставени копии од казнените списи кои сме ги побарале, иако член 81 од ЗКП јасно го предвидува ова право, велат од СЈО.

Поврзани новости