Ништо од протестот на затворениците

by Фокус

Протестот на затворениците од сите затвори во Македонија кој беше најавен за денеска напладне не започна. Најава имаше дека ќе дојдат и семејствата на затворениците како поддршка, но ниту тие не се појавија. Објаснување зошто не се одржа протестот нема.

Директорот на КПД Идризово, Живко Пејковски, соопшти дека во Идризово затворениците не штрајкуваат и дека освен најавите на социјалните мрежи и во медиумите, во затворот помеѓу затвореницте не станало збор за такво нешто.

Претходно, 2.000 затвореници преку писмо побараа од претседателот Иванов  да им се намалат казните за 30 проценти, а доколку не се случи тоа  ќе рекоа дека ќе излезат на протест.

Поврзани новости