647
Специјалното јавно обвинителство го информираше мандатарот Зоран Заев, дека за ниту едно од имињата предложени за министри, не е отворена истрага, ниту е покренато обвинение.
Лидерот на СДСМ, во недела вечерта откако ги соопшти имињата на министрите во новиот владин кабинет, истовремено најави дека ќе прати писмо со барање до СЈО за одговор дали за него или за кој било член од неговиот кабинет се води кривична постапка.
– Ако во иднина се покаже не само во СЈО туку и во идното Јавно обвинителство ослободено од партиските стеги, дека ќе се води кривчна постапка за кој било член на владата, тој повеќе нема да биде во кабинетот – тврдеше Заев.