Да донираме за безгрижно детство на Сара: Во понеделник треба да замине на лекување во Германија

by fokus 20:42
20:42

Сара Ѓорѓиевска, која наскоро ќе полни девет години, голем дел од животот се бори со тумор на мозокот. И по четири операции и две хемотерапии, туморот повторно се враќа, па сега малата Сара треба да замине на лекување во Германија на зрачна терапија.

Тетката на Сара, Анита Макаровска, за Фокус објасни дека Фондот за здравство го покрива лекувањето, но потребни се средства за престојот и трошоците таму. Сара и родителите во Германија ќе треба да останат три месеци за да се заврши терапијата.

- Advertisements -

-Вчера дознавме дека Сара во понеделник треба да замине на лекувањето во Германија и веднаш почнавме со собирање средства. Се надеваме дека по оваа терапија се ќе биде во ред – вели Анита.

Секој кој сака да донира и да помогне, тоа може да го направи на следниве жиро-сметки:

Трансакциска сметка
Стопанска банка.
Сара Ѓорѓиевска
200002201109539 на Стопанска банка.
Бул.Ј.Сандански 112-2-21

За донации од странство:

Sashko Gjorgjievski
str. Sava Kovachevikj 47zh 1/32
Stopanska banka AD – Skopje,
IBAN Code MK 07200003162503893
SWIFT STOBMK2X

Катерина Смилева

Поврзани новости