369
Обвинителката Ленче Ристоска одговарајќи на новинарско прашање соопшти дека Специјалното јавно обвинителство нема да побара одредување мерки за претпазливост за осомничените во новата истрага „Таргет“.
-Нема да бидат побарани мерки за претпазливост, бидејќи во овој момент сметаме дека не е целисходно да има вакви мерки. Доколку ситуацијата се смени, секако ќе побараме. Со оглед на сосомничените и со оглед на состојбите, сметаме дека не постојат околности дека овие лица можат да го повторат делото или во краен случај да избегаат, рече Ристоска.