Јанева: Ќе ги вложам сите сили криминалците да застанат пред судот на правдата

by fokus

Специјалното јавно обвинителство во моментов одржува прес конференција за отворање на нова истрага под кодно име „Тарет“. Во воведното обраќање, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева порача дека никој што го прекршил законот нема да биде заборавен.

-Во извештајот на Прибе се наведени бројни неодостации во УБК. Од извештајот произлезе основање на СЈО кое треба да де одговор како, кој и на кој начин прислушувал. Јавно кажувам дека никој нема да ме обесхрабри, ниту може да влијае на исполнување на оваа задача што вие граѓаните ми ја дадовте. Се чувствувам слободна и цврста дека на моја страна се Уставот, законите, вистината и правдата, но и јавноста. Ќе ги вложам сите сили криминалот да биде казнет, а криминалците да застанат пред судот на правдата, рече специјланата обвинителка.

Јанева истакна дека денешната истрага е резултат на повеќемесечна работа на целиот тим на СЈО и собрани се доволно материјлани и вербални докази за да се отвори истрага.

 

Поврзани новости