СЈО не води истрага за Бујар Османи и Артан Груби откако по социјалните мрежи се појавија документи со потпис на Катица Јанева во кои се бараат некакви проверки за Османи и Груби од ДУИ, објави МКД.МК.
„Ве уверуваме дека тие документи не излегле од ова јавно обвинителство и завршиле на социјалните мрежи. Потсетуваме дека и во друга прилика сме појасниле дека се водат повеќе финансиски проверки за поголем број на лица во рамки на предистражни постапки, кои согласно законот, се тајна и не може да информираме.
Исто така, потсетуваме дека ова јавно обвинителство неодамна достави одговор на барањето на тогашниот мандатар, во кој беше наведено дека не се води истрага за лицата чии имиња беа наведени во дописот од мандатарот“, се вели во одговорот од СЈО.
Вчера на социјалните мрежи беа објавени наводни документи на кои нивните имиња беа напишани како дел од истрага која наводно ја води СЈО, но оттаму ги демантираат истите.