ВМРО-ДПМНЕ: Наместо распродажба на македонската држава, граѓаните од Заев очекуваат да го исполни ветеното

by Fokus

СДС и Заев секој ден и нанесуваат нови рани на Република Македонија.Заев отиде во Софија и преговараше за склучување на договор за добрососедство со Бугарија, тврдејќи дека се согласиле за содржината на истиот и дека останува да испијат уште едно кафе пред да го потпишат, без да им каже на граѓаните што и како прифатил, реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Заев не отвори јавна дискусија, иако во текот на целата кампања ветуваше дебата за сите позначајни прашања за државата, од која сега нема ни Д. Заев од Софија кажа дека ќе брише делови од македонските учебници по историја, без притоа да каже кој и како ќе одлучува што треба да биде избришано. Додека Заев ја обвинува Република Македонија за ширење на национализам и омраза, од многу страни доаѓаат изјави полни со национализам кои ја негираат македонската држава, јазик, култура и историја, на кои Заев молчи и не застанува во одбрана на Република Македонија, што како Премиер е должен да го прави – се наведува во партиското соопштение.

Поврзани новости