Специјалното јавно обвинителство ќе ја обжали денешната одлука на судијата на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1, која го одби барањето за одземање на пасошот на министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска како неосновано, потврди СЈО за САКАМДАКАЖАМ.МК.
Во меѓувреме, Канческа-Милевска до Судот поднела жалба поради незаконитост на дејствијата од доказната постапка. Таа се жали на законитоста, всушност на судската наредба со која се земени доказите, дознава порталот од извори во Судот.
Инаку, министерката Канческа-Милевска е првоосомничена во случајот „Тендери” на СЈО, во кој се сомничи за местење тендер од еден милион евра за градежни работи во Музејот на ВМРО. Освен неа, осомничени за злоупотреба на службената положба се уште три членови на комисијата за јавни набавки.