Георгиевски: Не му должам ништо на СДСМ!

by fokus 20:53
20:53

Лидерот на ВМРО-НП, Љупчо Георгиевски во интервју за Телма, ги отфрли информациите дека ги напуштил преговорите со десниот блок затоа што не дале гаранции дека нема да влезат во коалиција со ВМРО – ДПМНЕ.

-Ја користам оваа прилика да кажам дека тоа се само шпекулации. Во преговорите што ги имавме со Павле Трајанов и Јове Кекеновски ни еднаш не беше поставено ова прашање кое тие велат дека тоа е проблемот. Проблемот се листите. Сведок ми е Љубе Бошковски и дванаесетте луѓе што преговараа – рече Георгиевски.

- Advertisements -

Георгиевски додаде дека опозицискиот СДСМ нема право да му замерува за ништо во неговата политика, бидејќи како што рече, тој нема никаква поврзаност со нив.

-Јас не му должам ништо на СДСМ. Напротив, ако треба така да разговараме, јас ќе потпишам дека нема да правам коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, ама тие потпишат една декларација во која ќе му се извинат на Љупчо Георгиевски за се што му направија во изминативе години – рече експремиерот.

Георгиевски потврди дека ВМРО-ДПМНЕ му понудиле, „многу добар пакет” за изборна коалиција, но како што рече, во Извршниот комитет на партијата предлогот бил надгласан и отфрлен.

Поврзани новости