Наумов: Jaвниот долг дневно се зголемувал за 2 милиони евра

by fokus

Откако Министерството за финансии информираше дека јавниот долг достигна 50,6 проценти од БДП, со реакција експресно се огласи дополнителниот министер Кире Наумов.

-За само девет месеци, јавниот долг е зголемен за 532 милиони евра. Во текот на 2016 година, јавниот долг дневно се зголемувал за 2 милиони евра. Владината политика на континуирано задолжување ги втурна сегашните и идните генерации во должничко ропство –вели Наумов во реакцијата.

Тој додава дека иако црвениот аларм е одамна вклучен и веќе требаше да почне долго најавуваната фискална консолидација, за утре било распишано ново задолжување на домашниот пазар од 61,5 милиони евра.

Поврзани новости