442
Специјалното јавно обвинитество ќе ја обжали одлуката на Кривичниот суд, кој го одби барањето за издавање мерки за претпазливост за тројцата осомничени во случајот ТНТ,екс премиерот Никола Груевски,поранешниот министер Миле Јанакиески и градоначалникот Тони Трајковски.
СЈО вчера бараше да им се одземат пасошите на осомничените и да имаат обврска да се јавуваат во судот, но барањето беше одбиено како неосновано.
Тројцата функционери кои СЈО ги сомничи дека незаконски го нарачале уривањето на „Космос”, вчера се појавија на распит во кривичниот суд во Скопје и негираа незаконско постапување.
Истрагата против нив продолжи, откако претседателот Иванов ја укина колективната аболиција.