432
Тројца истражители на Специјалното јавно обвинителство утрово пристигнале во Општина Битола за да извршат увид во врска со спроведувањето на куќниот притвор врз градоначалникот Владимир Талески, објави Мета.
Истражителите се испратени за да проверат дали има прекршување на спроведувањето на куќниот притвор, односно дали Талески потпишува документи и презема службени дејствија додека го издржува притворот.
Доколку се утврди прекршување на правилата за куќен притвор, можно е СЈО да побара заменување на оваа мерка со построга.