МНТ со хуманитарни претстави за помош на поплавените

by fokus

НУ Македонски народен театар објави дека се приклучува кон хуманитарната акција за помош на поплавените и настраданите од невремето кое го зафати скопскиот регион. Сите приходи од претставите кои ќе бидат одиграни во наредниот период ќе бидат донирани за помош на настаданите.

– 19.08.2016 (Петок) 20ч. ГРУПНА ДЕТОКСИФИКАЦИЈА – Станд Уп на Сашко Коцев во соработка со МНТ

– 29.08.2016 (Понеделник) 20ч. НЕ СЕ КЛАДИ НА ЕНГЛЕЗИ

– 30.08.2016 (Вторник) 20ч. СОМНИТЕЛНО ЛИЦЕ

– 31.08.2016 (Среда) 20ч. СВАДБАТА НА ФИГАРО

– 12.09.2016 (понеделник)20ч. БРАЧНА ИГРА

– 17.09.2016 (Сабота) 20ч. ПРЕКИНАТА ОДИСЕЈА – Премиера, копродукциска претстава на МНТ и Театар “Хелена Модјеска” Легница, Полска

Билетите за наведените хуманитарни претстави ќе можете да ги купите на билетарницата на МНТ веќе од понеделник 15.08.2016.

Поврзани новости