374
Специјалното јавно обвинителство го презема случајот „Шпион“, а тоа беше потврдено на денешното рочиште на Апелациониот суд на кој се разгледувала жалбата на осудените.
Тоа беше и барањето на одбраната, која изрази сомнеж дека Апелација воопшто и нема да ја разгледа нивната жалба.
Во „Шпион“ се обвинети 19 луѓе. Првообвинет во овој процес е екс разузнавачот, Марјан Ефремов кој е осуден на 15 години затвор за шпионажа затоа што според обвинението прибирал информации за странски тајни служби.
При првостепената пресуда обвинетите беа осудени на вкупно 73 години затвор.