Почна протестот на судската администрација

by Фокус 12:24
12:24

Судските работници денеска излегоа по трети пат на протест, се собраа кај ССМ, а продолжуваат пред Собранието, пред Министерството за правда и пред Владата на Македонија.

Пеце Груевски, лидер на УПОЗ рече дека овој протест има за цел да ги освести пратениците и праша  дали знаат да читаат какви закони гласаат. Срамно е, рече Груевски, што власта не ги признава своите грешки и не ги повлекува спорните одлуки. Тој рече дека две години чекаат одлука од Уставен суд.

- Advertisements -

Судската администрација бара измена на законот за судска служба, исплата на 5 ветени проценти за целата администрација, зголемување на платите на судските службеници и враќање на работното време од 7 и пол до 15:30.

Поврзани новости