ДОМ: Охис е неексплодирана бомба

by Фокус

ОХИС во моментов е активирана бомба, која во секој момент може да експлодира и да настане еколошка катастрофа која ќе го погоди не само Скопје, туку и целата Вардарска долина, предупредуваат од ДОМ.

– Причината се стотината тони опасни хемикалии кои се високо токсични, запаливи и експлозивни, складирани во дворот на старата фабрика, кои се едно од историските загадувања во земјава – изјави портпаролката Маја Морачанин.

Според нив, новиот момент е што од пред една недела генералниот директор и управниот одбор поднеле оставка, а сеуште не именувале нови членови, што значи дека ОХИС е обезглавен, без носители на одговорност за управување со него и без контрола на службите за обезбедување и противпожарна заштита, задолжени за присутните хемикалии.

– ДОМ бара Државниот инспекторат за животна средина да изврши итен увид на состојбата и да ги задолжи државните институции да постапат со соодветни мерки и активности за намалување на опасноста од хаварија. Апелираме Владата на Република Македонија итно да направи прераспределба на буџетски средства од непродуктивни трошоци кон решавање на една од жешките еколошки точки, но и кон решавање на егзистенцијалните проблеми на вработените од ОХИС – рече портпаролот Тони Ристов.

Поврзани новости