468
Специјалното јавно обвинителство денсека ги обжали решенијата на Кривичниот совет со кои одлучија осомничените во „Титаник“, Никола Груевски, Миле Јанкиески, Гордана Јанкулоска, Кирил Божиновски и Мартин Протоѓер да не одат во притвор, туку само да им бидат одземени патните исправи.
За останатите одбиени решенија за притворите СЈО жалбите ги поднесе изминатите денови. Одлуката на Апелација по овие жалби најверојатно ќе ја донесе до крајот на наредната недела.
До овој момент ниту една жалба не стигнала и до Апелација поради тоа што постапката оди преку основниот суд, односно откако ќе се комплетира документацијата целиот предмет се доставува до повисокиот суд.