Груевски не е координатор на ниту една пратеничка група на ДПМНЕ, Димовски ги соопшти имињата

by Fokus

Пратеникот Илија Димовски ги соопшти имињата на координаторите на пратеничките групи. На првата група од шест члена, координатор е Димовски.

На втората пратеничка група, координатор е Антонијо Милошоски, на третата Зоран Илиоски, на четвртата Владанка Авировиќ, на петтата пратеничка група координатор е Даниела Рангелова, на 6-тата Панчо Минов, на 7-та Димитар Стевананџија, на 8-та Драган Данев, на 9-тата Благица Ласовска и на 10-тата пратеничка група Драган Цукле.

Како координатори не се најдоа екс премиерите Никола Груевски и Емил Димитриев, ниту екс претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски. Тројцата се дел од првата пратеничка група од шест члена.

Секој од координаторите има по двајца заменици.

Поврзани новости