СЈО ги истражува тендерите на Клиничката болница во Битола

by fokus

Обвинители на СЈО вчера ја посетиле Клиничката болница во Битола и ги чешлале тендерите во здравството, пренесоа дел од медиумите.

Директорот Василе Најдовски ги потврди овие информации и демантираше дека управата на болницата неколку часа не ги примала обвинителите.

-Обвинители на СЈО дојдоа во билницата да приберат документација за дел од тендерите распишани од Министерството за здравство. Ги пречекавме, разменивме телефони и им помогнавме за сè што им треба,  вели Најдовски за „Мета“.

Поврзани новости