ВМРО-ДПМНЕ: Нашата грижа за граѓаните е евидентна

by fokus 11:23
11:23

ВМРО-ДПМНЕ и покрај кризата креирана и наметната од СДСM напорно работеше на подобрување на животот на граѓаните, a Зоран Заев со своето антидржавно и деструктивно однесување ги загрозуваше највисоките државни и национални интереси, вели од ВМРО-ДПМНЕ во утринското соопштение.

-Резултатите од нашето работењето и грижата за граѓаните се евидентни. Вчера е потпишан договор за нов модерен Клинички центар кој чини 72 милиони евра, со површина од 46.987 метри квадратни, составен од подземно ниво, девет ката и хелиодром. Утре свечено ќе се отвори објектот на Македонската филхармонија која се простира на 12.400 метри, голема и мала сала со 1.310 места и најсовремена технологија и опрема. Деновиве почна и исплатата на земјоделските субвенции. Во период од 10 години земјоделците во ВМРО-ДПМНЕ препознаа најверен партнер, помагајќи им со субвенции во вредност од над 1 милијарда евра, се вели во соопштението.

- Advertisements -

Поврзани новости