Специјалното јавно обвинителство најави дека ќе побара замрзнување на имот на ВМРО-ДПМНЕ за кој утврдиле дека е предмет на кривично дело, односно, како што објаснија од таму, е стекнат со средства што потекнуваат од кривично дело.
-Во рамки на предистражната постапка, утврдивме дека партијата стекнала недвижен имот кој не се користи за партиски цели. Станува збор за објекти на кои нема партиски обележја, како за имот кој не претставува објекти, туку ниви, пасишта… – изјави специјалната јавна обвинителка Ленче Ристоска, во однос на истражната постапка за нелегално финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и перење на пари од страна на партијата, насловена како „Талир“.
Таа не можеже да каже прецизно за колку квадратни метри на партиски имот ќе бараат замрзнување, меѓутоа посочи оти се работи за поголем обем на имот, кој се содржи во 12 барања.