Во „Тревник“ се осомничени три лица за бесправна изградба на три куќи во Зелениково

by fokus

Истрагата „Тревник“ што денеска ја обелодени СЈО опфаќа три лица кои се сомничат за бесправна изградба на три викенд куќи во  Зелениково.

Обвинителката Фатиме Фетаи рече дека градежните работи на трите објекти почнале во 2011 година, а осомничените одобрение добиле дури откако биле завршени објектите во 2013 година што е спротивно на Законот за градба.

Ова тврдење како што додаде Фетаи се потврдува и преку сателитски снимки.

 

Поврзани новости