СЈО бара продлжување на притворот на Талески

by fokus

Специјалното јавно обвинителство уште вчера, по распитот на битолскиот градоначалник Владимир Талески, побарало од скопска единица да му се продолжи куќниот притвор кој му беше одреден на 16 јуни.

Талески е дел од обвинетите во предметот „Транспортер. Тој и уште 22 лица се осомничени дека го злоупотребиле Буџетот на Република Македонија за 360.000 евра. Вчера Талески беше на распит во СЈО два и пол часа. По распитот во СЈО, Талески рече дека случајот што се води против него е наметната политичка хајка врз основа на само еден снимен разговор.

Поврзани новости