Бејли по вчерашните преговори: Договорот е шанса за демократија

by fokus

По вчерашната рудна преговори, Амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли со чие посредство партиите потписнички на Договорот од Пржино успеаа да постигнат компромис, денеска на Твитер го поздрави напредокот.

“Честитки за Македонија за Договорот од 20 јули – шанса за демократија”, напиша Бејли на Твитер.

Преку својот профил на Твитер, вчера се огласи и Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан кој го поздрави постигнатиот договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА.

„Добри вести и од БЈРМ: Политичките партии постигнаа договор за отворените прашања во разговорите за Договорот од Пржино. Тоа е важен чекор за да се стави крај на политичката криза. Сега треба импулс за да се сочува договореното. Целосна имплементација на реформите е клучот за одржлив напредок“, пишува Хан.

Поврзани новости