ДПА нема да биде дел од преодната влада

by fokus

Пратеникот и претставник од ДПА на преговорите, Имер Алиу, по завршувањето на преговорите и по постигнувањето на договор, рече дека ДПА нема да учествува во владата што ќе се формира 100 дена пред изборите, а одговорноста за примената на постигнатиот договор е на трите парии што ќе бидат дел од таа влада.

-Скептични сме. Не прифативме да бидеме дел од оваа влада поради принципиелни причини, изјави Имер Алиу.

Тој додаде дека силните гаранции од страна на меѓународниот фактор се доволна причина за ниив да веруваат дека еднаш и засекогаш кај албанскиот дел посебно манипулациите на изборите, полнењето на кутиите и фалсификување на изборите ќе заврши.

Поврзани новости