СЈО бара изземање на судијката за „Трезор”, се сомнева во нејзината непристрасност

by fokus 17:17
17:17

Специјалното јавно обвинителство побара изземање на еден од судиите на претходна постапка за предметот „Трезор“ поради релации со фирмата „Финзи”.

СЈО бара изземање на судијката Елена Јосифовиќ поради сомневање во нејзината непристрастност, затоа што постоел должнички однос на едно правно лице застапувано од нејзиниот девер Ненад Јосифович кон фирмата Финзи, дознава Фокус од судски извори.

- Advertisements -

Од Судот пак, велат дека ова е трето барање за изземање судија од страна на СЈО и го обвинија дека намерно ги одолговлекува постапките.

По барањето на СЈО, претседателот на Судот треба да одлучи во рок од три дена. Во однос на барањата за определување на мерка притвор за едно осомничено лице и мерки на претпазливост за останатите осомничени во „Трезор”, Судот уште нема донесено одлука.

Поврзани новости