На новиот универзитет досега се пријавиле само 80 бруцоши

by fokus

Новиот универзитет „Мајка Тереза“ ќе го одржи првиот академски час во средината на октомври, соопшти денеска министерот за образование и наука, Пиштар Лутфиу. Универзитот нема своја зграда, па ќе ги користи просториите на  Универзитетот Југоисточна Европа (Штулов универзитет) во Скопје.

Министерот рече дека досега се пријавиле 80 кандидати, а конкурсот предвидува 1220 места за запишување студенти во прва година за сите пет факултети на „Мајка Тереза“. Електронското пријавување ќе трае до средината на октомври, а онлајн регистрираните кандидати потоа ќе бидат повикани да донесат документи.

Матичните комисии вчера имале средба со професорите кои се избрани да бидат дел од наставниот кадар, а бил избран и Сенатот.  За в.д. ректор на „Мајка Тереза“ е избран поранешениот министер за образование, Азиз Положани. Неговиот мандат ќе трае шест месеци, а потоа ќе биде оценета неговата работа.

Поврзани новости