СДСМ ги достави пред пратениците барањата на Јанева

by fokus 17:42
17:42

Социјалдемократскиот сојуз до Собранието достави барање за свикување итна седница со две точки на дневен ред, односно предлог закон за измена и дополнување на законот заштита на сведоци, како и измена на законот на СЈО кој се однесува на продолжување на мандатот.

Ова следува, откако специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во неколку наврати апелираше Собранието да ги донесе измените, особено за законот за заштита на сведоците, за да може подлабоко да навлезе во предмети како „Монструм”, „Сопот” и Мартин Нешковски.

- Advertisements -

– Со донесување на овие закони, ќе се поддржат барањата на независната институција Специјално јавно обвинителство со единствена цел – да се овозможи непречена работа и остварување на целта за неговото формирање. Очекуваме оваа седница да биде закажана во најкус можен рок. Граѓаните имаат огромна доверба во Специјалното јавно обвинителство и оттаму наша обврска е да направиме сè што е потребно оваа институција да го расчисти скандалот со прислушувањето и да го отвори патот за правната држава. Кражбата ќе запре, парите ќе ги вратат. Правда ќе има – рече пратеникот од СДСМ, Петре Шилегов.

Тој ги повика сите парламентарни политички партии да се приклучат и да дадат поддршка на оваа иницијатива и сите пратеници поединечно да дадат лична поддршка за донесување на овие закони.

Поврзани новости